Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дискотеките во Скопје ги загрозуваат и животните во ЗОО, Шанса за Центар предложи услови за добивање лиценци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
skopska-zooloska

По повод поскапувањето на лиценците за работа на ноќните клубови и дискотеките во главниот град граѓанската иницијатива Шанса за Центар до Советот на Град Скопје, службата и Градоначалничката на Град Скопје упати барање лиценците да повлечат и обврски:

— реклама —

„Шанса за Центар во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк предлага сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот. Светската пракса има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува.

— реклама —

Истовремено, сакаме да потенцираме дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно сме загрижени, за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје. Животните со години ја трпат тортурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат. Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот.

— реклама —

Шанса за Центар бара одговори од Градот Скопје дали се размислува доделувањето на лиценцата освен што носи права за дискотеките да создаде и обврски. Очекуваме дека при формирање на цената за лиценците се мислело и на жителите на Скопје и на животните во Зоолошката градина. Дали има цена со која и се одзема мирот на граѓаните и на животните?.

— реклама —

Ниту една парична сума не е доволно висока кога се уништува секојдневието на животните кои се сместени во Зоолошката, но и на граѓаните кои живеат во поширокото подрачје околу Градскиот парк. Очекуваме дека со вакво задолжување на носителите на лиценца ќе им се олесни функционирањето во текот на периодот кога работат, а со тоа ќе се подобри и соживотот помеѓу институциите на Град Скопје, граѓаните и угостителите“, велат од Граѓанската иницијатива Шанса за Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања