Промени тема
Контакт

Диво приклучена пумпа вбризгувала вода од Вардар во водоводот во Гостивар: забранета употреба на водата за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0
Илустрација

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба.

— реклама —

Од АХВ информираат дека мерката е донесена по вонреден инспекциски надзор спроведен во пречистителната станица за вода во селото Вруток, по известување од Основното јавно обвинителство Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со квалитетот и безбедноста на водата.

— реклама —

Во надзорот, покрај инспекциските служби на АХВ, учествувале и претставници на Министерството за животна средина, Основното јавно обвинителство Гостивар, крим-техника при МВР Гостивар и стручни лица од Институтот за јавно здравје.

— реклама —

При контролата било утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа нелегално била поставена пумпа која директно вбризгувала вода од реката Вардар во водоснабдителниот систем.

Од водата се земени мостри за лабораториски анализи, а забраната за нејзина употреба ќе остане во сила сè до добивањето на резултатите со кои ќе се потврди дека таа е безбедна за пиење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 1 месец

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања