Промени тема
Контакт

Дивоградбата во струшката чаршија продолжува да се гради иако инспектор констатира незаконитости, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
divogradba-struga

„Дивоградбата во центарот на струшката чаршија, деновиве продолжува интензивно да се гради, иако по Решение и Записник од овластен градежен инспектор констатирано е дека се гради незаконски. Левица претходно поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор, при што градежниот инспектор изрече Решение за отстранување на неправилностите. Фактичката состојба е дека инвеститорот продолжува незаконски да гради, иако не е поставена табла за градење (на која мора да е наведена дозволата за градење), додека за сомнежите дека се узурпира земјиште на Р. Македонија, никој не постапува“, велат од Левица.

— реклама —

— реклама —

„Дивоградба никнува во самото јадро на градот, пред очите на целата јавност, а институциите и понатаму не постапуваат. Очигледна е тенденцијата да никне уште една дивоградба која ќе ја огрди струшката чаршија, па со иден Закон за легализација, дивоградбата да се легализира во скратена постапка. Ваквото непостапување на институциите е целосно девалвирање на законите, правото и на јавниот интерес.

Иако Левица претходно алармираше за сомнежите дека се узурпира државно земјиште, правобранителите надлежни за Струга (Надежда Ѓоревска, Катерина Талевска-Скепароска, Астрит Селими) сѐ уште не покренуваат постапка, како надлежен орган да ги брани интересите на Републиката.

— реклама —

Поради сето ова, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, поднесе Барање до Основното јавно обвинителство во Струга - како орган кој има надлежност да поднесе барање до судот за изрекување на привремени мерки: привремено запирање на градежните активности, отстранување на бесправно изградените објекти, како и забрана за понатамошно градење. Според Член 244-а од Кривичниот законик, бесправното градење претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор од три до осум години.

— реклама —

Го повикуваме Јавното обвинителство во Струга веднаш да иницира запирање на градежните активности во струшката чаршија, а МВР да поднесе кривична пријава поради бесправно градење. Алармираме дека ако се дозволи да никне уште една дивоградба во самиот центар на градот Струга, и покрај механизмите кои можат да ги преземат бројни институции (МВР, ОЈО, суд, правобранители), тогаш не се работи само за корумпирани поединци, туку за тотална системска корупција и моќници кои се посилни од самата држава“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања