Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Џенерали“ ќе укине 800 работни места во Германија до 2030 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryrtpt3m49fhtr7gBB81P
Photo by Gabriel Castles on Unsplash

Германската филијала на италијанската осигурителна компанија „Џенерали“ планира да укине околу 800 работни места до крајот на 2030 година, во рамките на реструктурирањето на работењето. Истовремено, компанијата најави инвестиции од повеќе од 100 милиони евра во технологија и вештачка интелигенција.

— реклама —

Од компанијата соопштија дека бројот на вработени главно ќе се намалува преку пензионирање и природен одлив на работници. „Џенерали“ во Германија, со седиште во Минхен, моментално има околу 9.100 вработени.

— реклама —

Планот предвидува и затворање на деловните локации во Ахен, Нирнберг и Штутгарт, додека вработените ќе бидат концентрирани во Келн, Минхен и Карлсруе. Компанијата планира да отвори и регионални центри во Хамбург и Сарбрикен.

— реклама —

Одлуката за намалување на деловните простории ја објаснуваат со потребата од намалување на трошоците, особено поради сè почестата примена на хибридниот начин на работа, кој комбинира работа од дома и од канцеларија.

Планираните инвестиции во технологија и вештачка интелигенција треба да овозможат автоматизација на рутинските задачи, намалување на потребата од рачна работа и долгорочно зголемување на ефикасноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Незадоволството на младите ја тресе Европа: Насилни протести во повеќе земји, Германија стравува од ескалација

Свет | пред 3 дена

— реклама —
germanija-zname

Германија ги отвора вратите за нови приватни инвестиции

Свет | пред 4 дена

benzine

Во Германија казнуваат ако останете без гориво на автопат

Свет | пред 4 дена

media-library0hvuga9osnq8bU2Jsct

Загрижувачки раст на самоубиствата во Германија: Минатата година животот си го одзеле 11.334 лица

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања