Промени тема
Контакт

ДКСК за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
antikorupcija

ДКСК чувствува обврска да ја информира јавноста за точните факти и да ја заштити својата позиција како независна и транспарентна институција во борбата против корупцијата.

Како што е утврдено со закон, ДКСК има обврска да спроведува превенција и спречување на можни злоупотреби на службената положба, судир на интереси и незаконско постапување. Во текот на спроведувањето на своите надлежности, ДКСК не ги оценува личните ставови или политичките интереси на засегнатите лица, туку исклучиво се води од факти и законски утврдени обврски.

— реклама —

„Секој е должен да го почитува Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вклучувајќи ги и правосудните органи. ДКСК како самостојна и независна институција има законска надлежност и обврска да се грижи за доследно почитување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и нема да отстапи од својата мисија и цел. Констатирана повреда на законот со одлука на ДКСК, во никој случај не претставува мешање во било која власт, бидејќи законите важат подеднакво за сите. Дејствијата и одлуките кои се во спротивност со Законот за спречување на корупција и судир на интереси создаваат ризици од корупција и судир на интереси и не смеат да опстојуваат како такви во правниот промет“, велат од ДКСК.

„Државната комисија (по пат на ова соопштение) го реафирмира својот став изразен во Одлуката бр. 09-2838/12 донесена на седницата одржана на ден 08.11.2024 година, дека Одлуките на Судскиот совет на РСМ и Советот на јавните обвинители на РСМ за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не се во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и со Законот за академијата за судии и јавни обвинители. Имено, пропишаната забрана за вршење на други дејности и членување во управни и надзорни одбори за време на вршење на функцијата важи и во конкретниот случај. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители кои се од редот на обвинителите и судиите се избрани да ја вршат функцијата член на совет професионално и за времетраењето на нивниот мандат како членови на советот не ја извршуваат функцијата судија, односно јавен обвинител, туку истата им мирува. Истовремено, со членот 9 од Законот за академијата за судии и јавни обвинители е јасно пропишано дека советите назначуваат по двајца членови од редот на судиите, односно од редот на јавните обвинители, а не од сопствените редови.

— реклама —

ДКСК изразува благодарност до сите институции кои ја следат работата на ДКСК и покажуваат подготвеност за соработка и ги почитуваат укажувањата и препораките од ДКСК и на тој начин даваат придонес кон остварување на заедничката цел – спречување на корупцијата во општеството.

— реклама —

ДКСК останува посветена на својата мисија и уверува дека секоја преземена активност е со целосна одговорност, транспарентност и во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија“, се додава во соопштението на ДКСК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dksk_0_0

ДКСК денес избира заменик-претседател

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
432224-720x340-1

Антикорупциска комисија: Интегритетот на хартија, слаб во пракса

Македонија | пред 5 месеци

432224-720x340-1

ДКСК ќе го разгледува извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Македонија | пред 5 месеци

432224-720x340-1

Антикорупционерите со постапки за 234 советници од општините поради непријавен имот

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања