Промени тема
Контакт

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
plta-333

Работниците во приватниот сектор и во 2026 година имаат право на регрес за годишен одмор, познат како К-15, кој работодавачите треба да го исплатат најдоцна до 31 декември.

— реклама —

Минималниот износ на регресот за оваа година е околу 19.116 денари. Право на К-15 имаат вработените кои во текот на календарската година работеле најмалку шест месеци непрекинато кај истиот работодавач.

— реклама —

Висината на регресот не е фиксна, туку се утврдува врз основа на просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци пред месецот во кој се исплаќа К-15.

Според правилата, регресот треба да изнесува најмалку 40 отсто од просечната нето-плата, исплатена во последните три месеци. Во зависност од условите утврдени со колективниот договор, работодавачот може да исплати и повисок износ, а максималниот неоданочен износ може да достигне до 100 отсто од просечната плата.

— реклама —

Крајниот рок за исплата е 31 декември во тековната година.

— реклама —

За работодавачите кои нема да го исплатат регресот, се предвидени парични санкции. Санкции се предвидени и доколку работникот биде присилен да му го врати исплатениот К-15 во готовина, а за ваквото постапување може да следува и затворска казна до една година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

plta-333

Просечниот К-15 изнесува 28.562 денари, минималниот е 19.567 денари

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
k-15

(Видео) Три децении сатира што нè одразува: неповторлива вечер со „К-15“, Цацко со Миле и Тошо одново одржаа лекција

Сцена | пред 1 година

osafdasdg

(Видео) 30 години од првата епизода на К-15 - легендите најавија враќање, но какво?

Сцена | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања