Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Додека мајка му чека трансплантација на бели дробови, синот на престолонаследничката ја чека пресудата за силување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library4tlp61a9q9m96m5KHn0

Норвешка со големо внимание го очекува понеделник, кога Окружниот суд во Осло ќе ја соопшти пресудата за 29-годишниот Мариус Борг Хоиби, син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит.

Хоиби се соочува со обвинение по 40 точки, меѓу кои и четири обвиненија за силување. Обвинителството бара казна затвор од седум години и седум месеци, додека неговата одбрана смета дека евентуалната казна не треба да надмине една и пол година.

— реклама —

Тој ги негира најтешките обвиненија, но признал дел од полесните кривични дела поврзани со дрога, сообраќајни прекршоци и прекршување на забрана за приближување.

Според обвинителството, четирите жени кои го обвинуваат за силување биле во состојба во која не можеле да дадат согласност, односно спиеле или биле неспособни да реагираат. Жените останаа анонимни во текот на судскиот процес.

— реклама —

Дополнително, Хоиби е обвинет и за психичко и физичко малтретирање на поранешни партнерки. Меѓу сведоците беше и норвешката инфлуенсерка Нора Хаукланд, негова поранешна девојка.

— реклама —

Случајот предизвика големо внимание и поради состојбата на неговата мајка, престолонаследничката Мете-Марит, која неодамна беше ставена на листа за трансплантација на бели дробови поради сериозно влошување на здравјето.

И покрај болеста, таа и престолонаследникот Хакон го посетиле Хоиби во затвор, каде што се наоѓа од февруари годинава.

— реклама —

Иако Мариус Хоиби формално не е член на норвешкото кралско семејство, случајот предизвика сериозна криза за монархијата и дополнително го наруши угледот на институцијата.

Експерти и аналитичари предупредуваат дека без оглед на судската одлука, кралското семејство ќе мора да се справува со последиците од еден од најголемите скандали во поновата историја на норвешката монархија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

Норвешка го запира приклучувањето на нови центри за податоци поради огромната потрошувачка на струја

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryk5ojiak4pqb66Wexl0j

Како Норвежаните сушат алишта во зима без влага и мувла во домот?

Вирално | пред 1 седмица

media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Осло ги забрани паметните очила во училиштата: „Не сакаме децата да бидат статисти на Мета“

Свет | пред 2 месеци

media-librarynr6qk94q89ka0uYLyME

Прифатена жалбата на синот на норвешката кралица: Случајот за силувањата повторно пред суд

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања