Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Норвешка го запира приклучувањето на нови центри за податоци поради огромната потрошувачка на струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Свет
media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C
Photo by İsmail Enes Ayhan on Unsplash

Норвешка привремено го запре разгледувањето на барањата за приклучување на нови центри за податоци на електроенергетската мрежа, додека Владата подготвува нов систем за издавање дозволи со кој ќе го контролира нивното брзо ширење и зголемената потрошувачка на електрична енергија.

Операторот на електроенергетската мрежа „Статнет“ ја донесе одлуката поради очекуваниот раст на потрошувачката, предизвикан од изградбата на центри за податоци за потребите на вештачката интелигенција. Иако Норвешка произведува повеќе електрична енергија отколку што троши, властите предупредуваат дека новите капацитети би можеле да ја надминат расположливата понуда и да предизвикаат поскапување на струјата.

— реклама —

Од „Статнет“ појаснија дека привремената забрана не значи целосно запирање на приклучувањето на нови центри за податоци. Министерот за дигитализација и јавна администрација, Торгеир Микаелсен, рече дека целта е да се контролира ширењето и да се даде предност на проектите што се навистина потребни.

Приоритет при издавањето дозволи ќе имаат центрите што ги поддржуваат одбраната, полицијата, здравството, итните служби и критичната инфраструктура, вклучително и мобилните мрежи и финансискиот систем. Пристапот до земјиште и електрична енергија за глобалните компании што нудат услуги за управување со податоци и изнајмување компјутерски капацитети, како и за компаниите за криптовалути, ќе биде ограничен.

— реклама —

Министерот за енергетика Терје Осланд откри дека од почетокот на годината биле поднесени барања за приклучување на нови капацитети со вкупна моќност од 26.000 мегавати, што е повеќе од сегашниот производствен капацитет на Норвешка. Дури 75 проценти од барањата се однесуваат на центри за податоци.

— реклама —

Владата најави и дека новите центри ќе треба да ги покриваат трошоците што ги предизвикуваат за електроенергетската мрежа. Можно е од инвеститорите да се бара и изградба на сопствени гасни електрани, вклучително и постројки со технологија за зафаќање и складирање на јаглеродниот диоксид.

Слични мерки разгледуваат и други европски држави. Португалија најави дека центрите за податоци ќе мора да користат обновливи извори на енергија и системи за ладење што не трошат вода за пиење.

— реклама —

Во Финска, пак, полицијата отвори истрага за можна повреда на прописите за заштита на животната средина при подготвителните работи за идниот центар за податоци на „Гугл“ во близина на градот Мухос. Финските власти претходно наредиле запирање на работите на две локации поради можни негативни влијанија врз животната средина.

Зголемената потрошувачка на електрична енергија и вода предизвикува загриженост и кај јавноста. Според истражување на американскиот Институт за истражување на животната средина и енергијата, големите центри за податоци можат дневно да трошат и до 20 милиони литри вода. Истражување на „Галуп“ покажало дека повеќе од две третини од Американците се против изградба на вакви центри во нивна близина, најмногу поради големата потрошувачка на природни ресурси и можните последици врз животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5ojiak4pqb66Wexl0j

Како Норвежаните сушат алишта во зима без влага и мувла во домот?

Вирално | пред 3 дена

— реклама —
media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Осло ги забрани паметните очила во училиштата: „Не сакаме децата да бидат статисти на Мета“

Свет | пред 1 месец

media-librarynr6qk94q89ka0uYLyME

Прифатена жалбата на синот на норвешката кралица: Случајот за силувањата повторно пред суд

Свет | пред 1 месец

media-librarydjt0guirita47sP2Fq8

Норвешка се прости од кралот Харалд V

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања