Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Додека народот пресметува дали има за леб, Владата пресметува уште колку може да не презема ништо“, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
apasiev

Левица преку соопштение ја обвини Владата за недоволни мерки против поскапувањето на основните производи, посочувајќи дека на едно семејство му се потребни над 70.000 денари месечно за основните потреби, додека минималната плата изнесува околу 26.000 денари.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека граѓаните сè потешко се справуваат со растот на цените на храната и дека економските показатели не ја отсликуваат секојдневната состојба со домашните буџети.

— реклама —

Левица посочува и на разликата меѓу цените по кои земјоделците ги продаваат производите и сумите што ги плаќаат потрошувачите. Според партијата, Министерството за економија треба да ги контролира трговските синџири, набавните цени, рабатите и трговските маржи, наместо само да ги евидентира поскапувањата.

— реклама —

Од Левица бараат ограничување на маржите кај основните производи, засилен инспекциски надзор, редовна проверка на ценовните калкулации и санкционирање на нечесните трговски практики.

— реклама —

Партијата оценува дека заштитата на животниот стандард мора да биде приоритет и дека граѓаните не треба сами да го поднесуваат товарот на секоја ценовна криза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3vbsh2bl1e342Bgqyoh

„Сопругата на Роберт Вељановски избрана за надзор над прислушувањето“, Левица обвинува за непотизам

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
Levica

Левица: ДПМНЕ ги одби предлозите за поддршка на домашното стопанство, железницата и заштита на природата

Македонија | пред 1 ден

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: ДПМНЕ ги одби сите наши амандмани за безбедноста, Армијата и контролата на јавните средства

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Дали Обвинителството ќе ја прошири истрагата кон судијката-тетка на насилникот Корабоски, Гордана Билеска, за која се сведочи дека се обидела да влијае врз доказите?

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања