„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Додека Владанка си го спасува синот, има ли некој кој ќе ги спаси мештаните од Црвена Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
100_9009

Жителите на селото Црвена Вода се изреволтирани бидејќи како што велат издвоиле средства за изградба на патот од Ново Село до Црвена Вода, а сега истиот е уништен, неупотреблив и опасен. Исто така тие велат дека доколку не се реши овој проблем ќе го блокираат патот.

— реклама —

„Претходно, се обративме и замоливме, Министерството за економија, кое ги издава концесиите за ископ на минерални суровини, најитно да преземе акција, да формира посебна комисија која на самото место ќе ја согледа состојбата и ќе предложи мерки за надминување на крајно неповолната и по живот загрозувачка состојба со која се соочуваат постојаните жители во селото Црвена Вода, како и сите други кои имаат свои куќи и викендици, а на кои им е загрозена безбедноста во најбуквална смисла.

— реклама —

Пред повеќе од 3 децении, проектиран, пробиен и пошлунчен е патот, на иницијатива на жителите и Месната заедница од село Црвена Вода. Средствата за зафатот ги обезбедија самите селани, преку самопридонес. Подоцна, во 1996 година, патот беше и асфалтиран.

За наша несреќа, на средината на патот, излезе квалитетен мајдан со чист шљунак, кој со децении се користи при изградбата на станови и други објекти во Охрид и Струга, а во овој момент и при изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

Министерството за економија, преку Секторот за минерални суровини, им има издадено концесии за ископ на фирмите “Гранит” и “Бетон” од Скопје, како и “Побдеа” од Ботун, село во општина Дебрца.

Во неколку прилики на просторот затекнавме и други лица, неовластени фирми – без лиценца, како со камиони и ровокопач подигаат материјал. Самоиницијативно ги блокиравме со возила, повикавме полиција, направен е записник, но ништо не е превземено.

Ако годишно, според пресметките на самите фирми, се ископуваат од 30 до 50.000 тони, односно просторни кубици материјал, може слободно да се пресмета колкава количина материјал е превезена по патот, до кој степен е тој уништен, а да не зборуваме за последиците по животната средина.

Ве информираме дека Месната заедница од Црвена Вода, со општина Дебрца и фирмата “Гранит”, има склучено – потпишано договор, со клаузули околу одржување на патот, но досега не е ништо преземено. Mолeвме, по истиот принцип, да продолжи потпишувањето на таков трипартитен договор и со другите фирми кои го експлоатираат мајданот, односно уништуваат патот, до денеска такво нешто не е направено.  Назад за патот не вратен ниту еден денар. Ние, за патот, без надоместок, дадовме и делови од свои земјишни парцели, односно куќни дворови.

Ние не располагаме со податок колку вкупно средства се уплатени досега во Буџетот на општина Дебрца, односно Министерството за економија. Во секој случај, тие мора да се во висина на денарска противредност од десетици илјади евра. Но колку и да се, тие средства, цениме дека е хумано и законски, најголемиот дел да одат во посебен фонд за поправка на патишта и првенствено за поправка на патот кој се уништува, токму од зафатите на фирмите кои уплаќаат средства на име на концесија. Месната заедница и мештаните за тоа немаат никаква информација и отчет.

Нам, на селаните од Црвена Вода, одземено ни е и уништено, најосновното - сообраќајницата од 4 километри која се издвојува од магистралниот пат Скопје - Охрид, токму она што самите сме си ја направиле и врз основа на нашите маки, сега некој дебело се богати, а никој не не заштитува, ниту ни помага.

Од тие причини, уште еднаш укажуваме,последен пат на овој начин, а ако никој повторно не не слуша во општината и државата, ќе не слушне кога, со протест, ќе го затвориме патот. На тоа имаме целосно право, затоа што не само што сме го изградиле патот.

Ние не знаеме, за кои парцели се издадени концесии, дали концесионерите ги почитуваат клаузулите од договорите на концесијата, со оглед на фактот што, покрај самиот пат, се отворени неколку бази за ископ, се копа речиси по целата должина, надвор од локацијата за која е издадена концесијата.

За несреќата по нас, а биде уште поголема, се врши ископ по самата должинска линија патот, со што се отворени кратери, на неколку места, на само метар од патот, што, во зимски услови, претставува опасност за трагедија – од прв степен!“, велат жителите на Црвена Вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања