Промени тема
Контакт

Додик: Република Српска не е заинтересирана за БиХ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Балкан
Dodik-1

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денеска изјави дека Република Српска не е заинтересирана за Босна и Херцеговина и порача дека идните разговори, според него, треба да се темелат исклучиво на уставното уредување воспоставено со Дејтонскиот мировен договор.

„Можеби треба да се фокусираме само на БиХ, како што е утврдена со Дејтонскиот мировен договор“, напиша Додик на платформата Икс.

— реклама —

Тој оцени дека ваквиот пристап нема да им се допадне на Бошњаците, но додаде дека, според него, тие би требало да го прифатат управувањето со територијата што ја сметаат за своја.

— реклама —

„Подобро е да има сè во еден дел отколку ништо во цела БиХ“, наведе Додик.

— реклама —

Изјавата доаѓа во контекст на неговите ставови за односите меѓу Република Српска и БиХ, при што тој повторно го истакна Дејтонскиот мировен договор како основа врз која, според него, треба да се разгледува политичкото уредување на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypqpdebde3517e5UN1C3

БХРТ од петок укинува дел од програмата поради финансиската криза

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryhas25pg938mi84AC6uh

Во Хрватска условно осуден државјанин на БиХ поради величење на Ратко Младиќ на социјалните мрежи

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA

Голем пожар во Босна и Херцеговина: Хеликоптер исфрли 22.000 литри вода

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Маж загина додека гасел пожар во Босна и Херцеговина

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања