Промени тема
Контакт

Во Хрватска условно осуден државјанин на БиХ поради величење на Ратко Младиќ на социјалните мрежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Балкан
media-libraryhas25pg938mi84AC6uh
YouTube

Хрватскиот суд условно осудил 43-годишен државјанин на Босна и Херцеговина на 15 дена затвор, откако полицијата во Кореница утврдила дека на социјалните мрежи објавувал содржини со кои го величел осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Според Полицијата на Личко-сењската жупанија, мажот објавувал фотографии, симболи, песни и текстови со кои јавно изразувал почит и благодарност кон лице осудено за воени злосторства. Со тоа, според полицијата, предизвикал вознемиреност, непријатност и чувство на навреденост кај граѓаните.

— реклама —

По спроведената истрага, тој бил изведен пред надлежниот суд поради прекршок и условно осуден на 15 дена затвор, со едногодишен рок на проверка. Казната ќе биде извршена само доколку во тој период стори ново кривично дело.

Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска, бил осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војувањето за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година. Младиќ почина во затворот во Хаг на 27 август.

— реклама —

Босанското обвинителство вчера соопшти дека по неговата смрт добило илјадници пријави против лица осомничени за кривично дело „величење на осуден воен злосторник“. Ниту една од пријавите, како што било наведено, не била поднесена од полициска служба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA

Голем пожар во Босна и Херцеговина: Хеликоптер исфрли 22.000 литри вода

Балкан | пред 3 дена

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Маж загина додека гасел пожар во Босна и Херцеговина

Балкан | пред 1 седмица

Dodik-1

Уставниот суд на Босна и Херцеговина го одби барањето на Додик за укинување на законот по кој беше осуден

Балкан | пред 1 месец

dodik

Додик: Босна и Херцеговина е пропадната земја, Србите не сакаат да живеат во неа

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања