Промени тема
Контакт

Доизградба на колекторот на Охридското езеро и современ центар за отпад, бара Левица со амандмани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_2534

„Поради катастрофалната состојба во однос на заштитата на животната средина во која се наоѓа Македонија, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска поднесе амандмани кон владиниот предлог-буџет за 2025 година, кои се однесуваат на проекти кои со години се најавуваат, но ниту една влада не ги реализирала“, велат од Левица.

„Дел од амандманите со кои Левица бара да се интервенира во Предлог-Буџетот се:

— реклама —

1. Доизградба и реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, со цел целосно затворање на колекторскиот систем;

2. Дислокација на дивата депонија Буково и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;

— реклама —

3. Дислокација на дивата депонија во Струга и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;

4. Отпочнување на изградба на современ центар за рециклирање отпад во Југозападниот плански регион, проект кој веќе 10 години е заглавен во бирократски процедури.

— реклама —

Сметаме дека со ваквите амандмани ќе се санираат најгорчливите проблеми на населението од овој регион, со оглед на опасноста на која се изложени поради честото палење на дивите депонии, во кои се складира неселектиран и опасен отпад. Овие диви депонии се еколошки катастрофи, додека незаинтересираноста на сите власти досега, дополнително го загрозува здравјето на обичните граѓани.

Дополнително, заштитата и грижата за Охриското езеро како најзначајно природно богатство во Македонија, мора да биде врвен приоритет на секоја власт. Проблемот со излевање на загадени материи во Охридското езеро директно го загрозува неговиот биодиверзитет, специфичност и природни карактеристики. Токму доизградбата на колекторскиот систем до 2025 година е дел од Планот за управување со Охридскиот регион.

— реклама —

Поради тоа, сметаме дека средства за доизградба на колекторскиот систем на Охридското езеро мора да се предвидени во Буџетот за 2025 година, поради опасноста и ризиците од пролонгирањето на овој проект. Бидејќи премиерот Мицкоски во предизборието најавуваше реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, очекуваме владејачката коалиција да ги прифати амандманите на Левица, со цел реализација на проектите кои беа ветувани токму од нив.

Левица со ваквите амандмани интервенира во решавањето на долгогодишни проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот на народот и основна заштита на животната средина и нашите природни богатства“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања