Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Доларот зајакна и покрај намалувањето на каматните стапки на Федералните резерви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
dolari_2_337166270

На светските финансиски пазари, вредноста на американскиот долар порасна и минатата недела, втора по ред, иако американската централна банка ја намали клучната каматна стапка – чекор што беше очекуван.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шестте најважни светски валути, порасна за 0,8 отсто, достигнувајќи 99,72 поени.

— реклама —

Доларот зајакна за 0,8 отсто во однос на еврото, па курсот на еврото падна на 1,1535 долари, а во однос на јапонскиот јен американската валута зајакна 0,75 отсто, достигнувајќи 154 јени за еден долар.

Федералните резерви (Fed) минатата недела ги намалија каматните стапки за 0,25 процентни поени, исто како и во септември. Иако тоа беше очекувано поради забавувањето на пазарот на трудот, инвеститорите ги изненади изјавата на претседателот на Fed, Џером Пауел, кој порача дека ново намалување во декември не е сигурно.

— реклама —

Пауел нагласи дека голем број членови на Комитетот сметаат дека треба да се почека со дополнителни чекори поради високата инфлација и неизвесниот економски развој.

Како резултат на тоа, очекувањата за уште едно намалување на каматите оваа година нагло опаднаа – од повеќе од 90 отсто на почетокот на неделата, на под 70 отсто по изјавата на Пауел.

— реклама —

Ова му даде поддршка на доларот, бидејќи каматите во САД сè уште се повисоки од оние во другите големи економии. Каматните стапки на Fed се движат меѓу 3,75 и 4 отсто, додека кај Европската централна банка (ЕЦБ) тие се меѓу 2,0 и 2,15 отсто.

Дополнителна поддршка на доларот донесе и начелниот договор меѓу САД и Кина за идните трговски односи.

— реклама —

По средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е договорено намалување на царините за увоз на кинеска стока на 10 отсто, додека Кина ќе продолжи да купува американска соја, ќе ги ублажи ограничувањата за извоз на ретки метали и ќе преземе мерки против нелегалната трговија со фентанил.

Сепак, аналитичарите ова го оценија како тактичко примирје, а не како суштински напредок во односите меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 1 ден

media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 2 дена

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања