Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Достоинството нема цена, нема да одиме по понижувачки пат кон ЕУ, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library69q48b557u3aeb3wjTm

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата успешно ги менаџира економските и политичките предизвици и дека државата бележи шест последователни квартали со реален раст на БДП над 3,5 проценти.

На Самитот 2026 во организација на Македонија 2025, Мицкоски рече дека најголем предизвик е справувањето со, како што наведе, „товарот од минатото“.

— реклама —

Тој истакна дека конфликтот во Заливот влијаел врз економските движења, но оцени дека Владата успешно се справила со последиците и покрај големите фискални откажувања.

— реклама —

„Ние имаме шест квартали по ред како Влада со 3,5 проценти, над 3,5 проценти реален раст“, изјави Христијан Мицкоски.

Според него, еден од клучните приоритети на Владата е инфраструктурното поврзување преку Паневропските коридори VIII и X, кои ги оцени како најголема компаративна предност на државата.

— реклама —

Премиерот најави дека Владата работи на завршување на патната и железничката инфраструктура на Коридорот 8, реконструкција на пругата Табановце–Гевгелија на Коридорот 10, како и изградба на гасни интерконектори со Грција и Србија.

— реклама —

Во однос на евроинтеграциите, Христијан Мицкоски рече дека Владата има поинаков пристап од претходната власт и дека нема да прифати, како што рече, „понижувачки пат“ кон членството во Европска Унија.

„Достоинството нема цена“, порача премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања