Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Доживотен затвор за осум француски државјани кои ѝ се приклучиле на Исламска држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 47 минути -

Свет
media-libraryshhsb2qasvt32nLR5vP
unplash

Осум француски државјани се осудени на доживотен затвор во Ирак поради приклучување кон терористичката организација Исламска држава (ИС). На уште двајца им се изречени затворски казни од по 15 години, додека за десетмина други Французи објавувањето на пресудите е одложено.

— реклама —

Меѓу осудените на доживотен затвор е и Ромен Гарние, кој бил задолжен за радиооперациите на Исламска држава. Меѓу оние за кои сè уште нема конечна пресуда е Адриен Гихал, познат како Абу Усама ал-Франси, кој го позајмил гласот за аудиоснимката со која организацијата ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Ница, Франција, на 14 јули 2016 година, кога загинаа 86 лица, пренесува „Еуроњуз“.

— реклама —

Одложено е и изрекувањето пресуди за Томас Коланж и Квентин Ле Брун, кој се појавувал во пропагандни видеоснимки на Исламска држава.

— реклама —

Повеќето обвинети за време на судењето ја признале вината и изразиле каење, а дел од нив побарале да бидат вратени во Франција.

— реклама —

Судењата се дел од пошироката постапка на ирачките власти против илјадници лица осомничени за членство во Исламска држава. Минатата година, 47 француски државјани биле префрлени од Сирија во Ирак за да им се суди. Од нив, 15 веќе добиле доживотни казни, а едно лице било осудено на 15 години затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Telegram-4567543

Ирак најави забрана за Телеграм поради загриженост за националната безбедност

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Ирак постигна договор со САД за извоз на нафта преку Ормускиот Теснец

Свет | пред 2 седмици

media-library6thku5dtm3gdb7g4OA7

Централната банка на Ирак демантира банкрот

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Иран дозволи премин на ирачки танкери низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања