Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ирак постигна договор со САД за извоз на нафта преку Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 42 минути -

Свет
media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Ирак постигнал договор со САД што ќе овозможи повторно извезување на ирачката нафта преку Ормускиот Теснец, по поморска маршрута во близина на Оман, соопшти ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин.

— реклама —

Во интервју за телевизијата „Ал Џезира“, Хусеин изјави дека економските загуби на Ирак предизвикани од војната во Иран и нарушувањата во извозот на нафта достигнале 60 милијарди долари.

— реклама —

Тој откри и дека американското Министерство за финансии официјално побарало затворање на граничните премини меѓу Ирак и Иран, со исклучок на два премина – еден во курдскиот регион и друг во останатиот дел од земјата. Багдад продолжува да преговара со Вашингтон за да се избегнат последиците врз ирачката економија и билатералната трговија, која годишно изнесува меѓу 15 и 18 милијарди долари.

Хусеин се осврна и на посетата на ирачкиот премиер Али ел Зубаиди на Турција, при што бил постигнат договор за управување со водните ресурси во замена за непречен проток на енергија. Според договорот, турската влада или компании ќе управуваат со проекти за водоснабдување во Ирак, со цел справување со сушата, додека извозот на нафта преку нафтоводот меѓу двете земји ќе продолжи.

— реклама —

Количеството нафта што се извезува преку нафтоводот постепено се зголемувало – од 20.000 на 30.000 барели, а потоа достигнало 260.000 барели дневно.

— реклама —

Говорејќи за односите со Сирија, Хусеин оцени дека врските меѓу Багдад и Дамаск се значително подобрени и дека се темелат на заеднички интереси, независно од надворешните влијанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6thku5dtm3gdb7g4OA7

Централната банка на Ирак демантира банкрот

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Иран дозволи премин на ирачки танкери низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 2 месеци

media-library39jd1hm4mn29dXl4vb0

Грмежи над Филаделфија: Можно прекинување на дуелот Франција – Ирак

Спорт | пред 4 месеци

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Ирак на раб на финансиска криза по затворањето на Ормутскиот теснец

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања