Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ДПИ откри неправилности кај 18 финансиски друштва, над 140 милиони денари треба да им бидат вратени на повеќе од 26.000 граѓани поради незаконски наплати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
pari-1

Над 26.000 граѓани од целата држава треба да добијат назад повеќе од 140 милиони денари, откако Државниот пазарен инспекторат утврдил незаконски наплати и други неправилности кај финансиските друштва што одобруваат потрошувачки кредити.

— реклама —

Во изминатите три месеци биле извршени вонредни инспекциски надзори кај сите 27 финансиски друштва со лиценца од Министерството за финансии. Неправилности биле утврдени кај 18 друштва, каде што биле констатирани нечесни трговски практики и незаконски одредби во договорите за потрошувачки кредити. За нив се изречени законски мерки и прекршочни платни налози во вкупен износ од над 3,5 милиони денари.

— реклама —

Кај 12 финансиски друштва била утврдена и незаконска наплата за известувања и опомени поради доцнење или неплаќање на кредитните обврски.

По обработката на документацијата, Инспекторатот донел решенија со кои им наложил на друштвата да ги вратат незаконски наплатените средства. Роковите за исполнување на наредбите се од 30 до 90 дена, зависно од бројот на опфатени потрошувачи.

— реклама —

Дополнително, кај две финансиски друштва биле откриени неправилности во сметководствената евиденција, за што е известено Министерството за финансии.

— реклама —

Од Инспекторатот најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли и апелираат граѓаните внимателно да ги проверуваат условите, трошоците и надоместоците пред да склучат договор за потрошувачки кредит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library15ul5947mal15MVXp91

Засилени инспекциски контроли за „Black Friday“ – ќе се проверуваат лажните попусти и цените

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
pazaren-inspektorat-1200x1200

Над 3,2 милиони денари казни: Пазарниот инспекторат со 638 контроли за една недела

Македонија | пред 7 месеци

black-friday

Вонредни инспекциски контроли за „Black Friday“

Македонија | пред 11 месец

trajkovski-straus

Барале само институциите да функционираат: гостиварска фирма била мета на нелојална конкуренција, сузбиена со Трајковски од Пазарна

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања