Промени тема
Контакт

Драма на аеродромот во Сплит: Авион излета од пистата при полетување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library0ghp83jeu27hbHPYX32
фото: unsplash

На аеродромот во Сплит денеска се случил инцидент при полетување на авион на Croatia Airlines, јавуваат хрватските медиуми.

— реклама —

Според првичните информации, авионот требало да полета кон Франкфурт, но од засега непознати причини излетал од пистата и завршил на тревната површина покрај неа.

Инцидентот се случил околу 13:30 часот за време на полетувањето, кога авионот „Ербас А220“ излетал од пистата и удрил во вертикален маркер и рабни делови покрај пистата.

— реклама —

Во авионот имало 130 патници и пет членови на екипажот. Од аеродромот и авиокомпанијата соопштија дека сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани и никој не е повреден.

— реклама —

„Посадата постапила согласно безбедносните процедури и го запрела авионот“, соопштија од Croatia Airlines.

Патниците биле префрлени во терминалната зграда, каде што им е обезбедена поддршка за продолжување на патувањето.

— реклама —

Од аеродромот во Сплит информираа дека соработуваат со надлежните воздухопловни служби и агенциите за истрага на несреќи, а причините за инцидентот дополнително ќе се утврдуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt43sp4l0elm96PvAZZz

(Видео) Огромна количина вода среде Сплит, изгледаше како да се отворил кратер

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Два инцидента за 15 часа на аеродромот во Сплит, дел од летовите откажани

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryqpn26c9che1a88C6h1o

(Видео) Снегот го парализираше регионот: Во Сплит заглавени абтомобили, застои во сообраќајот во Сараево

Свет | пред 10 месеци

media-librarygss9gdrr3g309GoecYV

(Видео) Полицијата откри кој ја поставил направата и ја снимил експлозијата кај училиштето близу Сплит

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања