Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Драма на плажа во Сиднеј: Жена со тешки повреди пренесена во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
ajkula-jadransko-more
Фото: Илустрација

Жена се здоби со тешки повреди откако беше нападната од ајкула на популарната плажа Куџи во источниот дел на Сиднеј, по што властите затворија неколку плажи во околината.

Итните служби биле повикани непосредно пред 11:15 часот по локално време, откако капачи ја извлекле повредената жена од морето. Според првичните информации, станува збор за жена во триесеттите години од животот.

— реклама —

Австралиските медиуми објавија дека таа се здобила со сериозни повреди на раката и ногата.

— реклама —

Медицински тимови ѝ укажале прва помош на самата плажа, по што била подготвена за воздушен транспорт до болница.

Во спасувачката акција учествувале оператор на спасувачки чамец и лице на даска за веслање, кои помогнале повредената жена да биде извлечена на брегот.

— реклама —

Неколку очевидци изјавиле дека непосредно пред нападот забележале ајкула во водите во близина на плажата.

По инцидентот, властите веднаш го евакуирале морскиот простор и ја затвориле плажата Куџи, како и други плажи на подрачјето на општината Рандвик.

Австралиските власти започнаа истрага за околностите под кои се случил нападот. Плажите ќе останат затворени сѐ додека надлежните служби не проценат дека подрачјето е безбедно за капачите и посетителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn2h6hl5vd246amFxnSN

Ја удрил со автомобил двапати: Австралиска пратеничка остана без двете нозе

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library7i13m9v6g2bae3eZXAP

Ајкула му ја откинала ногата, а додека се борел за живот му изгледало како да му намигнува - сурфер преживеал хорор во Австралија

Свет | пред 2 седмици

media-librarygal299kgmbs391sF2Ow

(Видео) Австралија преплавена со молци: Она што изгледа како инвазија всушност е охрабрувачки знак

Свет | пред 3 седмици

media-libraryclm4cujh0svvdxxcqU9

Мајка во Австралија со нож ги нападнала децата во автомобил, починало петгодишно момче

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања