Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Драма во Атлантикот: Спасени повеќе од 300 мигранти, меѓу нив и 40 деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library18is0v5m70uvdiDcyVe
Илустрација

Повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, се спасени во близина на брегот на Мавританија, додека со дрвен чамец се обидувале да стигнат до Канарските Острови.

— реклама —

Мавританската крајбрежна стража соопшти дека мигрантите биле пронајдени во ноќта меѓу средата и четвртокот во тешка состојба, во близина на рибарското пристаниште Нуадибу.

— реклама —

Во чамецот имало вкупно 315 лица – 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно лице од Мали. Меѓу нив имало мажи, жени и малолетници, вклучително и бебиња.

Според надлежните, чамецот тргнал од Гамбија, а мигрантите најверојатно се обидувале преку Атлантскиот Океан да стигнат до Канарските Острови.

— реклама —

Во последните месеци стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, биле спасени во мавританските води при обиди да стигнат до Европа. Сепак, голем број луѓе ги загубиле животите или се водат како исчезнати откако нивните чамци потонале.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Трамп се закани со двојно повисоки царини за Мексико поради мигрантите

Свет | пред 20 часа

— реклама —
n-missingisland-a-20181104-870x572

Шест мигранти, меѓу кои и едно бебе, загинаа во судир на глисер и грчката крајбрежна стража

Свет | пред 3 седмици

tunis-migranti-camac-830x0

Страшна трагедија кај африканскиот брег: Најмалку 109 мигранти загинаа, 116 се водат како исчезнати

Свет | пред 1 месец

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Анкета во Шпанија: Речиси девет од десет граѓани го обвинуваат Мароко за мигрантската криза

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања