Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Драма во Истанбул: Брод скршнал од курсот и удрил во сè што му се нашло на патот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
brod
Фото: Илустрација

Паника избила во текот на ноќта во Истанбул откако голем патнички брод, кој пловел по Босфорот, од засега непознати причини ја изгубил контролата и се упатил кон брегот.

— реклама —

Според изјавата на инфлуенсерката Дениз Мермерџи, која живее во историската вила „Казаскер Неџметин Ефенди“, бродот најпрво удрил во луксузна јахта закотвена пред вилата. Потоа, бидејќи не успеал да запре, продолжил кон брегот и удрил директно во градината на вилата, стара околу 200 години.

— реклама —

Инцидентот се случил околу 23:30 часот. Според снимките од безбедносните камери, кормилото на бродот било заклучено, а неговото движење предизвикало голема паника меѓу жителите на вилата, кои истрчале на улица.

Во инцидентот биле оштетени вилата и јахтата, а пристаништето пред објектот, според Мермерџи, било целосно уништено. Нема информации за загинати или повредени.

— реклама —

Мермерџи изјавила дека нејзините деца претрпеле голема траума по инцидентот. Таа најавила дека ќе покрене правна постапка и ќе поднесе тужба против одговорните.

— реклама —

Снимките од безбедносните камери се разгледуваат, додека технички тимови го истражуваат дефектот на бродот и причините поради кои тој го напуштил пловниот правец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 2 дена

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 3 дена

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Нема социјални мрежи за деца под 15 години: Турција воведе и посебни правила за тинејџерите

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања