Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Турските власти се повлекоа: По 24-часовна потрага, тврдат дека лавицата во Истанбул никогаш не постоела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Магазин
media-libraryr3h3bjofdmb4asQspCf
unsplash

Турските власти предизвикаа дополнителна забуна откако по 24-часовна потрага по лавица во предградијата на Истанбул соопштија дека животното воопшто не постоело. Потрагата предизвика паника кај локалното население, а во неа беа вклучени полиција, војска и тимови за заштита на животните, пишува АП.

Гувернерот на Истанбул мобилизирал тимови од експерти за животни, полиција и воени командоси во потрагата по лавицата, откако животното наводно било идентификувано, а биле објавени и две видеа на кои се гледа како шета низ елитната населба Ускумрукој.

— реклама —

Жителите биле предупредени да останат во своите домови, а шумата, која се простира на 54 квадратни километри северно од Истанбул, била затворена.

Меѓутоа, во понеделникот вечерта, властите се повлекле од првичните тврдења и во соопштение навеле дека по анализата на новите снимки било утврдено дека животното „не е лав, ниту која било друга голема мачка“.

— реклама —

„Подрачјето беше пребарано од воздух со дрон опремен со термални камери, како и од земја, од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, а користени беа и камери со сензори за движење“, се наведува во соопштението.

„Теренската работа не даде конкретни докази дека во областа има лав“, соопштија властите.

— реклама —

Наглата промена на ставот предизвика збунетост кај јавноста, а многумина се прашуваат за какво животно станувало збор и како можело да биде помешано со лавица. Дел од граѓаните претпоставуваат дека станува збор за крупно куче.

На социјалните мрежи се појавија и подбивни видеа од домашни мачки, со прашања дали токму тие се мистериозното животно што ги вознемири жителите.

— реклама —

И покрај соопштението од кабинетот на гувернерот, медиумите објавија уште една снимка на која животно излегува од грмушки, повторно отворајќи ја дилемата дали навистина станува збор за лавица.

media-libraryr3h3bjofdmb4asQspCf

(Видео) Лавица се „шета“ низ Истанбул, потрагата трае 12 часа

Жителите на населбата Ускумрукој во Истанбул, Турција, се вознемирени откако лавица била забележана како слободно се движи низ нивното соседство. По нејзиното појавување, безбедносните служби започнале опсежна потрага која, според објавените информации, трае веќе 12 часа.Првите снимки од животното биле регистрирани на надзорните камери, по што жандармеријата испратила патроли и ги засилила контролите во областа. Во акцијата се приклучиле и екипи задолжени за заштита на природата и националните п

Свет | пред 1 ден

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryr3h3bjofdmb4asQspCf

(Видео) Лавица се „шета“ низ Истанбул, потрагата трае 12 часа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryakiutl599u982jy7QWo

(Видео) Тешка несреќа во Турција: Минибус се преврте во морето, загина возачот

Свет | пред 1 седмица

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 1 седмица

media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања