Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Драма во Кочани: Полицајка насилно уапсила колешка, ја внела во возило па ја удирала по телото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
IMG_6897

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Штип против Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Според пријавата, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, Ј.Н. насилно внела во возило „БМВ“ женско лице – колешка, вработена како приправник во МВР при Одделение за полиција СВР Штип. Во возилото, пријавената почнала да ја удира по телото и ѝ го ограничила движењето, не дозволувајќи ѝ да излезе и да си замине, со што ја лишила од слобода.

— реклама —
— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување на дисциплинска постапка против Ј.Н., а до завршување на постапката, таа е суспендирана од работното место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Напади врз сопруги, малолетно девојче и членови на семејството: Шест пријави за насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 38 минути

— реклама —
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово

Македонија | пред 1 час

tepacka1

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Македонија | пред 2 часа

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања