Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Дрон се урна во Литванија, НАТО испрати борбени авиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
dron1
Илустрација

Дрон се урна во северниот дел на Литванија, откако најверојатно влегол во воздушниот простор на земјата од соседна Полска. Министерот за одбрана Робертас Каунас денеска го потврди инцидентот, при што остатоците од леталото оштетиле автомобил, но нема повредени, соопшти шефот на Националниот центар за управување со кризи, Вилмантас Виткаускас.

— реклама —

Засега не е познато дали дронот носел експлозив, а истрагата е во тек. Претходно, властите ги повикаа жителите на централните и северните делови на земјата да се упатат во засолништа поради неидентификуван летечки објект.

— реклама —

Во областа биле испратени борбени авиони од мисијата на НАТО за воздушно патролирање, додека аеродромот во Каунас бил затворен околу еден час.

— реклама —

Полската војска, исто така, денеска пријавила можна повреда на својот воздушен простор. Во изминатите месеци, украински дронови во повеќе наврати навлегле во воздушниот простор на земјите од балтичкиот регион кои се членки на НАТО.

— реклама —

Киев соопшти дека леталата отстапиле од планираната патека поради руско попречување на сигналот. Инцидентите предизвикуваат загриженост дека војната на Русија против Украина би можела да се прошири и надвор од украинските граници, кон територијата на НАТО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library03phe7cn1b6tbqwpiYG

Тензии над Егејското Море: Турски дронови и авион 14 пати навлегле во грчкиот воздушен простор

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9j0pv1v9n41cajqgrDw

(Видео) Во БиХ развиен нов дрон: Објавена снимка од летот

Свет | пред 1 месец

media-library03phe7cn1b6tbqwpiYG

Дел од дрон заврши на плажа во Романија: Туристите веднаш евакуирани

Свет | пред 2 месеци

media-library4t30bmnihjpac1IWAiX

Москва: Дронот на аеродромот во Лајпциг е провокација на Киев

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања