Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Дронови нападнаа два трговски брода во бугарските води во Црното Море, свикан итен состанок на бугарските власти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarydom8hskft3nt081cx6p
Илустрација

Два товарни брода биле погодени од беспилотни летала во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море, во близина на Варна, по што била започната голема спасувачка операција.

— реклама —

Според првичните информации што ги пренесуваат бугарските медиуми, станува збор за бродовите „ALFA WATAN“, со знаме на Того, и „ABLE“, кој плови под знамето на Палау.

— реклама —

Ова се опишува како прв ваков напад врз трговски бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море. Засега нема официјални информации за состојбата и судбината на членовите на екипажите.

По инцидентот, бугарскиот премиер Румен Радев свикал итен состанок со претставници на надлежните институции. На состанокот ќе учествуваат претставници на министерствата за одбрана, внатрешни работи, транспорт и животна средина и води, како и претставници на претседателската институција и безбедносните служби.

— реклама —

Поради инцидентот, бугарската претседателка Илијана Јотова ја откажала планираната посета на Велико Трново, објави БТА.

Во Црното Море во моментов продолжува спасувачката операција, додека бугарските институции ги утврдуваат околностите поврзани со нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn1rc5gqm77coaNWi8g1

Напад со дронови врз танкер во Црното Море: Седум морнари исчезнати

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryiutfmkshjo36begtcdI

НАТО ја засилува будноста во Црното Море: Нападите со дронови врз трговски бродови ја зголемуваат загриженоста

Свет | пред 1 седмица

media-library067df65ukbjb4AVFG31

Брод потона во Црното Море, во близина на Бугарија, по напад со дрон, се трага по исчезнатиот екипаж

Свет | пред 2 седмици

media-library067df65ukbjb4AVFG31

(Видео) Двајца загинати, 11 повредени во напад врз турски брод во Црното Море

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања