Промени тема
Контакт

Дрска кражба на мобилен телефон, поведена постапка против сторителот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Тешка кражба на дрзок начин, согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 4 октомври во вечерните часови, спроти катна гаража на  улицата  „Мирче Ацев“ забележал две лица од Валандово додека влегувале во такси возило.

— реклама —
— реклама —

Им пришол од зад грб и насилно им ја отворил вратата, а потоа со клоци го удрил едниот оштетен во нозете, така што на оштетениот му испаднал мобилниот телефон. Осомничениот го одзел телефонот и се дал во бегство, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од околу 6.360 денари.

Поради ризикот од бегство и околностите кои укажуваат на можноста осомничениот да го повторува делото, особено имајќи предвид дека претходно повеќепати е осудуван за кривични дела против имотот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj7rgfjjj966jds9FywF

Неверојатна кражба во Загреб: Му ги украле задните врати од автомобилот

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
media-library85kj3kk0t5hh3AwoF9C

(Видео) Украл 600 лимони, „казната“ од сопственикот била да ги изеде сите лимони

Вирално | пред 4 седмици

media-librarysmhv5ccgp01idXP6YoY

(Видео) Македонци се бараат за кражба на бензиска во Косово

Македонија | пред 1 месец

media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Масовна кражба во Салцбург: Исчезнаа 210 фигурини на Моцарт од познат парк

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања