Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Државни собири на жалост во Иран: Се слуша „смрт на Израел“ и „смрт на Америка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library1bbb2pngniquaGppiy4

Иранската државна телевизија денеска прикажуваше собири на жалост организирани во повеќе градови, меѓу кои и Машхад, родното место на убиениот врховен лидер Али Хамнеи, јавува Би-Би-Си.

— реклама —

Иранските новински агенции објавија список од 22 локации во Техеран каде граѓаните беа повикани да се соберат по вечерната молитва за да му оддадат почит на врховниот лидер. На видеоснимките од собирите се слушаат повици „смрт на Израел“ и „смрт на Америка“.

— реклама —

Хамнеи беше убиен во саботата во американско-израелски напад, по што иранската влада прогласи 40 дена јавна жалост.

— реклама —

Според Би-Би-Си Персијан, до редакцијата пристигнала текстуална порака од Иран во која граѓаните се информираат дека собирите ќе се одржуваат на „плоштадите во градовите и во џамиите низ целата земја“ и во наредните денови.

Во исто време, Би-Би-Си верификувал и видеоснимки од неколку градови што прикажуваат собирања на кои се славела смртта на Хамнеи, што укажува на поделени реакции во иранското општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 5 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања