Промени тема
Контакт

ДУИ: 0 Албанци меѓу државните награди „8 Септември“ – и успесите на Албанците стануваат невидливи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ преку соопштение реагира на годинашната листа на добитници на државните награди „8 Септември“, посочувајќи дека меѓу наградените нема ниту еден Албанец. Од партијата бараат целосна транспарентност за критериумите и постапката според кои биле избрани добитниците.

Од ДУИ велат дека меѓу наградените за највисокото признание за животно дело и финансиските награди за спортски достигнувања нема албански спортисти, тренери или други претставници.

„0 Албанци. Ниту еден спортист, ниту еден тренер, ниту еден албански претставник не беше достоен за ова државно признание“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Според ДУИ, отсуството на Албанци од листата не треба да се гледа само како резултат на изборот на добитниците, туку како показател за односот на институциите кон придонесот на Албанците во спортот и другите области.

Од партијата посочуваат дека албанските спортисти ја претставуваат Северна Македонија на меѓународните натпревари, освојуваат медали и со години придонесуваат за развојот на спортот, но дека нивните успеси, како што тврдат, не се препознаваат преку државните признанија.

„Кој е критериумот поради кој Албанците стануваат невидливи дури и кога станува збор за спортски и професионални достигнувања? Дали ова е „правичната и соодветната застапеност“ што ја ветуваше ВРЕДИ? Или е уште еден доказ дека Албанците се третираат како граѓани од втор ред?“, прашуваат од ДУИ.

— реклама —

Од партијата бараат да бидат објавени критериумите, постапката и составот на комисијата што одлучувала за наградите „8 Септември“.

„Затоа што 0 Албанци не може секогаш да биде случајност. Кога исклучувањето се повторува, тоа станува политика“, наведуваат од ДУИ, додавајќи дека нема да молчат, како што велат, пред политика на дискриминација и занемарување на придонесот на Албанците во државните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено решение за албанските ученици во Бутел

Македонија | пред 3 дена

media-librarypdqktkljrem09Bz23N8

ДУИ со обвинувања: ВЛЕН ги пренасочува средствата за булеварот „Хасан Приштина“ и ја руши врската Скопје-Блаце

Македонија | пред 5 дена

media-library7hl45hlumga7dT0XVPS

ДУИ до ВЛЕН: Зошто не се осмелувате да го споменете Иван Стоилковиќ?

Македонија | пред 5 дена

media-library7hl45hlumga7dT0XVPS

ДУИ: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што го поддржува и го брани во секој случај?

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања