Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ДУИ бара одговор: Дали возилото на заменик-директорот Даути било веднаш зад уапсениот царински функционер?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ бара МВР и Обвинителството да одговорат дали во моментот кога бил уапсен функционер на Царинската управа под сомнение за примање поткуп од 17.500 евра, веднаш зад неговото возило се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царината, Мустафа Даути.

— реклама —

Од партијата велат дека во јавноста се појавила информација која, според нив, бара итно појаснување од полицијата.

„Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути?“, прашуваат од ДУИ.

— реклама —

Партијата бара МВР да соопшти кој се наоѓал во возилото, зошто тоа било на местото во моментот на апсењето и дали Даути или лицата кои биле во возилото биле испрашувани во рамки на постапката.

— реклама —

ДУИ дополнително прашува дали надлежните истражуваат можна поврзаност на случајот со други лица во хиерархијата на Царинската управа.

„Кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него“, порачуваат од ДУИ.

— реклама —

Од партијата бараат МВР и Обвинителството да излезат со, како што велат, јасни и целосни одговори за случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 ден

dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања