Промени тема
Контакт

ДУИ бара оставка од директорката на Централниот регистар и одговорност од Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
grehrjtdzdk-196814

По објавувањето на фактите дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без ниту еден Албанец, ова прашање повеќе не може да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен чин што бара итна одговорност, вели Имране Велиу од ДУИ.

„Кога во една јавна институција целосно се исклучува една заедница, тоа укажува на еднострано одлучување и директно нарушување на принципот на правична застапеност.

Поради тоа бараме:

Итна оставка од директорката на Централниот регистар, како минимален чин на одговорност.

— реклама —

Политичка одговорност од Премиерот, бидејќи ваквиот пристап создава перцепција на повторлива практика што ја нарушува довербата во институциите.

Директна одговорност од претставниците на ВЛЕН во Владата, кои не успеаја да ја заштитат правичната застапеност и на најјасен начин покажаа како не треба да се претставуваат граѓаните. Бараме нивна итна оставка.

— реклама —

Ваквиот начин на постапување создава реални последици врз општествената кохезија и функционирањето на мултиетничка држава.

Ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да ги следи овие случувања и да реагира превентивно.

— реклама —

Особено, ја повикуваме Мисијата на ОБСЕ во Скопје да биде на нивото на својата задача и да ги активира механизмите за рана реакција и предупредување што ги има на располагање, со цел да се адресираат ситуации кои го засегаат принципот на еднаква застапеност и правата на заедниците.

Јавните институции треба да ја одразуваат структурата на општеството на кое му служат“, додава Велиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Влијанието на Белград и „српскиот свет“ во Македонија е поголемо од кога било

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот - невидена штета за албанската кауза

Македонија | пред 1 седмица

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ бара одговор: Дали возилото на заменик-директорот Даути било веднаш зад уапсениот царински функционер?

Македонија | пред 1 седмица

dui-

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања