Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Две години институционално исклучување - сега и стручни комисии без ниту еден Албанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ahmeti

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение обвини дека формирањето на Стручната комисија за разгледување на случаите на пациенти со малигни заболувања на Универзитетската клиника за хематологија, без лекар Албанец во нејзиниот состав, претставува продолжување на, како што наведуваат, политиката на институционално исклучување на Албанците.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека ова не е изолиран случај, туку дел од, според нив, двегодишен процес на систематско отстранување на Албанците од позиции на одлучување, управни одбори, комисии, раководни тела и државни институции.

— реклама —

„Денес на оваа листа се додава и една стручна комисија со директна одговорност за одлучување и давање препораки за лекување на пациенти со малигни заболувања, во која не се нашло место ниту за еден лекар Албанец“, наведуваат од ДУИ.

Од партијата тврдат дека станува збор за политичка одлука и ја обвинуваат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ дека градат, како што велат, моноетнички институции. Воедно, упатуваат критики и до ВРЕДИ, обвинувајќи ја дека не реагира на, според нив, дискриминаторските одлуки.

— реклама —

ДУИ оценува дека ветувањата за правична и соодветна застапеност не се реализираат во пракса и тврди дека Албанците се систематски исклучуваат од институциите.

— реклама —

Од партијата бараат итно преиспитување на одлуката за составот на Комисијата и доследно почитување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања