Промени тема
Контакт

ДУИ е симбол на насилство – и заменик директорот Блерим Исеини е назначен незаконски, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
apasiev-dimitar-7

„Со секој одминат ден на власт на насилничката и криминална гарнитура од ДУИ, Македонија е се подалеку од европската агенда за демократија и владеење на правото“, вели Левица.

Тие додаваат:

— реклама —

После вчерашното насилство на Арбер Адеми, кој единствено е познат по незаконското унапредување за доцент, како и отворените македонофобни закани на секретарот во Министерството за култура, Велмир Азири, обзнануваме уште еден скандал поврзан со незаконско назначување на заменик директор од ДУИ.

Имено, Заменик - директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Блерим Исеини - кадар на ДУИ кој на тоа место е поставен од страна на Собранието, не ги исполнува условите предвидени за оваа функција.

— реклама —

Иако законот предвидува дека за оваа позиција може да се назначи лице со освоени 300 кредити од областа на правните науки, Блерим Исеини скандалозно е назначен за заменик-директор со завршен факултет за новинарство во Тирана.

Ова е само еден од низата скандали, кои се секојдневие во владеењето на милениците на странската дипломатија, односно ДУИ, без чија странска активна логистика и поддршка, оваа гарнитура немаше да опстои 20 години на власт.

— реклама —

Всушност, целосниот молк и немањето осуда од меѓународната заедница за вчерашните инциденти во Собрание говори дека ДУИ единствено опстојува на власт поради своите тесни врски со странскиот фактор.

Самоволието на ДУИ, партија која активно го сквернави и уназадува владеењето на правото, за чии испади, инциденти и криминали нема последици, бидејќи се под заштита на претставниците од "меѓународната заедница" - мора да прекине и да му се стави крај, затоа што присуството на ДУИ во власта ја вкоренува корупцијата како составен дел од системот.

— реклама —

Му порачуваме на македонофобот Велмир Азири дека неговите повици за тепање и агресија веќе немаат ефект кај сиромашните Албанци, кои 20 години се принудени масовно да се иселуваат, додека функционерите на ДУИ криминално го зголемуваат своето богатство.

Продавањето национал-шовинизам и ширењето страв од ДУИ веќе е излитена идеја на која ѝ помина времето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

Левица прифати учество на трибината на „Платформата 12:05“, Мециновиќ објасни зошто

Македонија | пред 5 дена

media-libraryrqn72k27hqpv5A4I6qH

Остварена средба на Крмов со претставници од Европскиот парламент - дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи

Македонија | пред 6 дена

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд без постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања