Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ДУИ им порачува на граѓаните да останат смирени: Бараат МВР да ги уапси напаѓачите на Шаини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryoqfh3b8fio431gjXo4g
ФБ

„Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листа во општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и повреден. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска помош“, соопштија од ДУИ за вчерашниот вооружен инцидент во центарот на Куманово.

— реклама —

Остро го осудуваат, како што велат, овој варварски чин на насилство и бараат Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат, со целосна транспарентност и решителност, за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој напад.

— реклама —

-Ги повикуваме сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓаните да останат смирени, да не потпаѓаат жртва на провокации и да ја покажат разумноста што отсекогаш го карактеризирала нашето движење. Во солидарност со повреденото лице и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучува да ги прекине денешните активности, додека институциите преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на терен, стои во партиското соопштение.

Носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини беше ранет во оружен инцидент којшто се случи вчера попладнето во центарот на Куманово. Д-р Шаини е надвор од животна опасност, но има прострелни рани на рацете и нозете.

— реклама —

ОЈО информираше дека на расчистување на случајот работат двајца обвинители. Се прибираат траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење. По напаѓачот се трага. Според првичните индиции, според ОЈО не се работи за политички мотиви зад инцидент, но сите околности се проверуваат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 3 седмици

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања