Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Исклучувањето и дискриминацијата продолжуваат – Албанците само 7,51% во стипендиите во спортот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
dui-

ДУИ обвини дека постои дискриминација при доделувањето на спортските стипендии „Спортска надеж“, повикувајќи се на бројките од Министерството за спорт.

— реклама —

Според партијата, од вкупно 506 спортисти кои добиле стипендија, 465 се Македонци, 38 Албанци и тројца Бошњаци. Тоа, како што наведуваат од ДУИ, значи дека Албанците учествуваат со 7,51 отсто од вкупниот број стипендисти.

Од ДУИ бараат Министерството за спорт да ги објави критериумите, бодирањето и начинот на избор на спортистите, со цел да се утврди како биле оценувани пријавите.

— реклама —

„Доколку критериумите се исти за сите, Министерството мора јасно да покаже како е извршен изборот, како се оценувале апликациите и врз основа на колку бодови биле избрани спортистите“, велат од ДУИ.

— реклама —

Партијата смета дека бројките бараат институционално објаснување и го повика ВЛЕН да одговори дали резултатите се во согласност со ветувањата за еднаквост и правична застапеност.

ДУИ нагласува дека не бара етнички привилегии, туку еднакви можности, транспарентност и признавање на спортските резултати без оглед на етничката припадност.

— реклама —

„Талентот не смее да биде невидлив само затоа што е албански“, наведуваат од ДУИ, барајќи целосно објавување на критериумите и процесот на избор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања