Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Кога во Владата има заробен и потчинет ВЛЕН, антиалбанските сили се охрабруваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
dui-

Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата, велат од ДУИ.

— реклама —

„Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше јавно да ги артикулира.

— реклама —

Наместо да ги бранат уставните права и достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, претставниците на ВЛЕН во Владата избраа молк и сервилност. Овој молк се толкува како дозвола за напади врз албанскиот јазик, за релативизирање на еднаквоста и за поткопување на темелите на мултиетничката држава.

ДУИ јасно порачува дека албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат или релативизираат. Тие се уставни права и дел од политичкиот поредок што ја гарантира стабилноста и соживотот во државата.

— реклама —

Затоа, одговорноста за оваа клима не паѓа само врз оние што даваат антиалбански изјави, туку и врз оние кои, иако се на власт, избираат да молчат и да не ги бранат овие принципи.

— реклама —

ДУИ ќе продолжи да реагира и политички да дејствува за заштита на еднаквоста, Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања