Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Кои се корисниците на 200 милиони евра од унгарскиот кредит?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
dui-

Кои се корисниците на 200 милиони евра од унгарскиот кредит? Врз основа на официјалните податоци на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, ја информираме јавноста дека индустриското производство бележи драстичен пад од 9,4% во споредба со јануари минатата година, велат од ДУИ.

— реклама —

„Ова е јасен показател дека над 200 милиони евра од унгарскиот кредит не дале никаков ефект врз економскиот развој на државата. Напротив, и денес нема транспарентност за тоа како се распределени овие средства и кои се нивните корисници.

— реклама —

Дополнително, податоците покажуваат и пад од 3,6% на бројот на вработени во индустрискиот сектор – сериозен аларм за економијата и за животниот стандард на граѓаните.

Оваа состојба укажува на континуирано влошување на економските прилики, додека Владата не презема конкретни мерки за поддршка на граѓаните. Во исто време, државниот буџет се соочува со сериозни притисоци.

— реклама —

Демократската унија за интеграција ги повикува надлежните институции итно да ја објават листата на компании корисници на средствата од унгарскиот кредит. Падот на индустриското производство со право го поставува прашањето: каде завршија овие средства и како се инвестирани?

— реклама —

Владата мора веднаш да ги информира граѓаните – кои на крајот ќе го носат товарот од враќањето на овој кредит од 200 милиони евра – за начинот на распределба на средствата и за конкретните корисници“, се вели во соопштеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања