Промени тема
Контакт

ДУИ: Криминалниот менталитет на ВЛЕН произведува заговори и потчинување за да ја прикрие корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ДУИ преку соопштение остро реагира на ВРЕДИ, обвинувајќи ја коалицијата дека наместо да одговори на наводите за корупција и незаконско работење, се обидува да создава политички заговори и да ја пренасочи јавната дебата.

Од партијата велат дека ВРЕДИ треба да даде одговори за, како што тврдат, штетата од над 252 милиони евра поврзана со незаконски градби во Чаир, кои ги поврзуваат со Изет Меџити, како и за други случаи што ги посочуваат во своето соопштение.

ДУИ ги споменува и наводните милионски злоупотреби за време на министерскиот мандат на Меџити, случајот со Бурим Латифи, во кој, според нив, станува збор за 19 милиони евра, како и наводите за злоупотреби поврзани со Недим Рама.

— реклама —

„Наместо да ѝ одговори на јавноста, криминалниот менталитет на ВЛЕН секојдневно произведува заговори“, наведуваат од ДУИ, обвинувајќи ја коалицијата и за целосно потчинување кон ВМРО-ДПМНЕ со цел, како што велат, да обезбеди политичка заштита.

— реклама —

Од партијата порачуваат дека сите инволвирани во незаконски дејствија мора да одговараат и бараат неселективна правда и независно судство.

ДУИ оценува дека политичкото влијание врз судските постапки е неприфатливо и бара сите процеси да бидат независни, отворени и транспарентни, со цел јавноста да има увид во тврдењата, доказите и фактите.

— реклама —

Во реакцијата партијата упатува и остри политички квалификации кон ВРЕДИ, обвинувајќи ги дека заради учество во власта ги напуштиле, како што наведуваат, интересите на Албанците и европската иднина на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Влијанието на Белград и „српскиот свет“ во Македонија е поголемо од кога било

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот - невидена штета за албанската кауза

Македонија | пред 1 седмица

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ бара одговор: Дали возилото на заменик-директорот Даути било веднаш зад уапсениот царински функционер?

Македонија | пред 1 седмица

dui-

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања