Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение бара Министерството за внатрешни работи да го објави целосниот полициски извештај за интервенцијата од 7 октомври, при која, според партијата, двајца млади од Сарај на возраст од 21 и 23 години биле брутално претепани од полициски службеници.

— реклама —

Од ДУИ наведуваат дека во јавноста се изнесени различни верзии за настанот. Двајцата млади тврдат дека биле удирани и откако биле совладани и ставени во лисици, додека, од друга страна, беа изнесени тврдења дека тие пружале отпор кон полицијата и му го одзеле службеното оружје на еден полициски службеник.

— реклама —

Партијата бара да бидат објавени првичниот извештај на полициската патрола, записниците и соодветната документација, со заштита на личните податоци и без загрозување на истрагата.

Од ДУИ бараат да се разјасни кој го составил извештајот, што изјавиле полициските службеници кои учествувале во интервенцијата и дали нивните искази се совпаѓаат со снимките што веќе беа објавени во јавноста.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека мора да се дадат официјални одговори на овие прашања, а доколку се утврди пречекорување на полициските овластувања, одговорноста треба да ја сносат сите инволвирани службеници.

„Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, а полицијата има обврска да одговара за употребата на сила“, наведуваат од ДУИ, од каде што инсистираат на целосна транспарентност и одговорност за случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg774cbuic3hf0XDl0xy

ДУИ бара оставка од Астрит Исени по наводите за полициско насилство врз две млади лица: МВР го истражува случајот

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања