Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: На космополитот Шашивари му треба време за правосудниот испит на албански, а побрза да ја прејудицира пресудата од Хаг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
dui

ДУИ преку соопштение го обвини министерот Јетон Шасивари дека применува различни критериуми во однос на прашањето за правосудниот испит на албански јазик и пресудата од Хаг за поранешните челници на ОВК.

Од партијата велат дека, и покрај повторените барања на студентите и протестите, за правосудниот испит на албански јазик на Шасивари му се потребни време и консултации, а решение најавува дури до октомври.

— реклама —

Од друга страна, според ДУИ, министерот реагирал за пресудата од Хаг уште пред таа да биде објавена.

— реклама —

„Ова е парадоксот на Шашивари: за конкретното право на албанските студенти бара време, додека за пресуда која сè уште не беше објавена, побрза да заземе став“, наведуваат од ДУИ.

Партијата потсетува и дека Шасивари, како професор, претходно го критикувал поранешниот министер Филков поради неговото противење на правосудниот испит на албански јазик.

— реклама —

Во реакцијата се наведува и дека, во однос на пресудата против челниците на ОВК, Шасивари својот став го оправдува со тоа што бил во согласност со „европските институции“, иако, како што посочуваат од ДУИ, протестите за ОВК траат седум дена.

„Седумдневните протести за ОВК не го убедија. Повторените барања на студентите не го убедија. За првото, за пресудата од Хаг, уште пред да ја знае нејзината содржина, имаше став. За второто, за правосудниот испит на албански јазик, дури и кога го чита законот, нема став!“, стои во реакцијата.

Од ДУИ на крајот побараа оставка од министерот Јетон Шасивари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg774cbuic3hf0XDl0xy

ДУИ бара оставка од Астрит Исени по наводите за полициско насилство врз две млади лица: МВР го истражува случајот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања