Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Неинтервенирањето за горивата ги чини граѓаните 685.000 евра дневно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryd6i7nhq6kbn6aGmy0Rj

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) обвини дека Владата не презема мерки за ублажување на растот на цените на нафтените деривати, што, според нив, директно ги погодува граѓаните и бизнисите.

Имране Велиу Алиу од ДУИ изјави дека партијата изработила анализа врз основа на годишната, месечната и дневната потрошувачка на горива во државата, според која потрошувачката за транспорт изнесува околу 720.000 тони годишно.

— реклама —

„Тоа значи дека месечната потрошувачка е околу 60.000 тони, неделната 15.000 тони, а дневната околу 2.000 тони, односно околу 2 милиони литри гориво дневно“, рече Алиу.

— реклама —

Според пресметките на ДУИ, непостапувањето на Владата во услови на зголемени цени чини околу 685.000 евра дневно, односно над 5,15 милиони евра неделно.

„Само во последните две недели, граѓаните платиле повеќе од 10 милиони евра за нафтени деривати“, посочи Алиу.

— реклама —

ДУИ тврди дека зголемувањето на цените од 21 денар по литар има значителен ефект врз семејните буџети, особено кај граѓаните кои секојдневно патуваат кон Скопје.

— реклама —

Според нивните податоци, годишниот дополнителен трошок по лице изнесува околу 600 евра за граѓаните од Тетово, 780 евра за оние од Гостивар и 579 евра за граѓаните од Куманово.

Од партијата оценуваат дека станува збор за „алармантни бројки“ кои го влошуваат животниот стандард и бараат Владата итно да преземе мерки за заштита на граѓаните и економијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 4 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 6 дена

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања