Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ обвинува: 90% од грантовите за спроведување на Охридскиот договор, Владата ВМРО-ДПМНЕ-ВЛЕН ги даде на српската заедница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Од Мала Речица излегоа со обвинување и како што велат за скандал и сериозен аларм за правецот во кој се турка државата.

,,Владата, во која ВЛЕН беше избран од ВМРО-ДПМНЕ како најсоодветен и најпослушен партнер, додели околу 90 проценти од средствата од програмата за спроведување на Охридскиот договор на организации на српската заедница”, соопштија од ДУИ.

— реклама —

Охридскиот договор, посочуваат, кој бил постигнат по жртвата и политичката борба на Албанците за еднаквост, Владата го користи за финансирање на политичките и идеолошките приоритети на друга заедница.

,,На Албанците им се укинуваат механизмите за застапеност, им се одзема јазикот од институциите, се отстрануваат од раководните позиции и се заменуваат во државната администрација.

— реклама —

Кога приближно 90 проценти од една програма завршуваат во една насока, станува збор за однапред умислена владина политика.

— реклама —

Настанот станува уште поалармантен во време кога политичкото, институционалното, културното и медиумското влијание на таканаречениот проект „Српски свет“ е сè поочигледно во Северна Македонија. Институциите постепено се ставаат во служба на агенда што ја оддалечува државата од нејзиниот мултиетнички карактер, од духот на Охридскиот договор и од евроатлантската ориентација”, велат од ДУИ.

Бараат ВЛЕН да им одговори на Албанците што добија Албанците од нивното претставување, кога дури и средствата од Охридскиот договор речиси целосно им се доделуваат на други

— реклама —

,,ВЛЕН повеќе не е само нем набљудувач на деградацијата на Албанците. Тој е активен дел од механизмот што ја спроведува”, обвинува ДУИ и бара итно објавување на целосната листа на корисници, износот доделен за секој проект, составот на комисијата за евалуација, доделените бодови и записникот од процесот на одлучување.

,,Овој скандал мора институционално и политички да биде истражен. Охридскиот договор не смее да се претвори во инструмент за унапредување на „Српскиот свет“, додека на Албанците секојдневно им се одзема по едно право.Молкот на ВЛЕН пред овој скандал е најјасната потврда зошто токму нив ВМРО-ДПМНЕ ги избра за свои партнери во Владата“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања