Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци; од 30 наградени, само еден Албанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
dui

ДУИ преку соопштение обвини дека има намалување на застапеноста на Албанците во Министерството за внатрешни работи, повикувајќи се на податоци за новопримените и наградените полициски службеници.

— реклама —

Според партијата, од вкупно 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци, што претставува околу седум отсто од вкупниот број.

Од ДУИ посочуваат дека сличен дисбаланс имало и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 полициски службеници кои биле избрани и наградени како најдобри, само еден бил Албанец.

— реклама —

Партијата оценува дека овие податоци укажуваат на промена во кадровската политика во МВР и потсетува дека полицијата е една од институциите во кои Охридскиот рамковен договор донел значајни промени во однос на застапеноста на заедниците.

— реклама —

Од ДУИ велат дека правичната и соодветната застапеност е уставен принцип чија цел е државните институции да го одразуваат мултиетничкиот карактер на земјата.

„Денес, 25 години по Охридскиот договор, податоците од МВР покажуваат назадување во овој процес“, наведуваат од партијата.

— реклама —

ДУИ најавува дека ќе продолжи да ги следи конкурсите, унапредувањата и именувањата во МВР и другите државни институции и јавно ќе реагира, како што велат, на секое нарушување на принципот на правична и соодветна застапеност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 6 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања