Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот превоз, оценувајќи дека со тоа најмногу се погодени студентите и вработените кои секојдневно патуваат меѓу градовите.

— реклама —

Од ДУИ посочуваат дека билетот од Тетово до Скопје, кој досега чинел 200 денари, сега е 250 денари, што според партијата претставува зголемување од 25 проценти по патување.

Според нивните податоци, месечните трошоци за превоз на лицата кои секојдневно патуваат се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари, што дополнително ги оптоварува семејните буџети.

— реклама —

„Дали ова е политиката на ‘грижа за граѓанинот’ што ја нуди власта?“, прашуваат од ДУИ.

— реклама —

Партијата бара надлежните институции јавно да ги објаснат причините за поскапувањето и да преземат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и вработените кои зависат од меѓуградскиот превоз.

Од ДУИ оценуваат дека наместо политики за подостапен јавен превоз и поддршка на граѓаните кои секојдневно патуваат, тие се соочуваат со зголемени трошоци.

— реклама —

„Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта“, наведуваат од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања