Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ повика на потписи за внесување на Бугарите во уставот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
dui

ДУИ најави започнување постапка за собирање пратенички потписи за отворање на процесот на уставни измени. Според координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети, за поднесување предлог за измени на Уставот се потребни најмалку 30 пратенички потписи.

— реклама —

На денешната прес-конференција во Собранието, Беџети упати повик до сите пратеници да се приклучат на иницијативата, нагласувајќи дека станува збор за важен процес за иднината на државата.

— реклама —

Тој истакна дека, според него, не треба да се држат во заложништво различни заедници и граѓани поради политички несогласувања, додавајќи дека ова се „сериозни моменти и потреби“ за државата да се придвижи напред.

— реклама —

Беџети ги повика и пратениците од ВЛЕН да го поддржат предлогот, посочувајќи дека, како што рече, политичките партии треба да стојат зад своите програмски заложби и ветувања дадени пред граѓаните.

— реклама —

Тој изрази очекување дека поддршка ќе има и од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а иницијативата ја оцени како чекор за отворање европска перспектива за државата и внесување на одредени заедници во Преамбулата на Уставот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања