Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Продолжува етичкото пред етничкото - Касами го релативизира исклучувањето на Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ преку соопштение реагира на изјавите на лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во врска со присуството на Албанците на државните манифестации и при доделувањето државни признанија.

— реклама —

Од ДУИ оценуваат дека неговата изјава оти „понекогаш може да има помалку или повеќе“ Албанци на ваквите настани претставува обид да се релативизира, како што велат, нивното исклучување.

Според партијата, кога Албанците отсуствуваат од државните настани, одговорноста се префрла на комисиите, додека кога се бара еднаква застапеност, власта, како што тврдат, се повикува на различни оправдувања.

— реклама —

„Ова не е еднаквост. Ова е етичкото пред етничкото“, наведуваат од ДУИ.

— реклама —

Од партијата бараат на државните манифестации, при доделувањето државни награди и во државните програми да се обезбеди правична и соодветна застапеност на Албанците, во согласност со принципот на еднаквост и Охридскиот рамковен договор.

ДУИ посочува дека Албанците, според нив, не бараат привилегии, туку реална еднаквост и почитување на нивниот придонес во државата.

— реклама —

„Кога Албанците се исклучени, тоа не е „понекогаш помалку“. Тоа е дискриминација“, порачаа од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања