Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
dui

ДУИ преку соопштение ја обвини Владата за застојот во евроинтеграциите, откако, според партијата, Европската комисија најавила подготовка на патокази за пристапување за Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, без Македонија да биде вклучена на листата.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека Македонија, која некогаш била меѓу водечките земји во регионот на патот кон Европската Унија, сега заостанува додека другите држави напредуваат.

— реклама —

ДУИ тврди дека состојбата е последица на политиките на актуелната Влада, за која наведува дека во изминатите две години не понудила решение, не отворила поглавја и не направила напредок во пристапниот процес. Според партијата, наместо конкретни чекори, јавноста била сведок на оправдувања, конфликти и меѓусебни обвинувања.

Од ДУИ предупредуваат дека другите земји ќе добијат конкретни планови и рокови, како и подобар пристап до европските фондови и пазарот на ЕУ, додека Македонија ризикува дополнително да се оддалечи од државите што напредуваат кон членство.

— реклама —

Партијата побара од Владата да одговори зошто Македонија не е вклучена во најавените планови, каква е стратегијата за продолжување на евроинтеграциите и какви последици ќе има застојот за државата.

„Одговорноста е на Владата. Ја презедоа државата со отворен пристапен процес, а ја оставаат без пат, без рок и надвор од мапата на проширувањето“, наведуваат од ДУИ, додавајќи дека Македонија е задржана во место додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg774cbuic3hf0XDl0xy

ДУИ бара оставка од Астрит Исени по наводите за полициско насилство врз две млади лица: МВР го истражува случајот

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања