Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Шасивари го одложува решението - 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
dui

ДУИ преку соопштение реагира дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и натаму останува нерешено, иако Министерството за правда најавува средба со студентите и деканите на правните факултети.

Од партијата посочуваат дека во октомврискиот испитен рок правосудниот испит ќе го полагаат 52 кандидати на македонски јазик, од кои 12 се Албанци.

— реклама —

ДУИ оценува дека најавените консултации и средби не претставуваат решение, туку дополнително одложување на прашањето.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека министерот за правда Јетон Шашивари, во периодот кога бил професор, го критикувал тогашниот министер за правда поради, како што наведуваат, оневозможувањето на полагањето на правосудниот испит на албански јазик.

„Денес, како министер, наместо да го реши ова прашање, бара уште време, средби и консултации“, наведуваат од ДУИ.

— реклама —

Од партијата сметаат дека на албанските студенти не им се потребни нови ветувања, туку конкретно решение што ќе биде спроведено.

— реклама —

ДУИ бара од Шашивари да одговори зошто, доколку правосудниот испит на албански јазик навистина е „на пат кон решение“, 12 албански кандидати и во октомврискиот испитен рок ќе мора да го полагаат на македонски јазик.

Од ДУИ бараат прашањето да биде решено веднаш, наместо, како што наведуваат, да биде предмет на дополнителни одложувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања