Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДУИ со нов напад кон Меџити: Кој го држи во заложништво?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
izet-medziti

Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остри обвинувања кон вицепремиерот и лидер на Демократското движење, Изет Меџити, прашувајќи „кој го држи во заложништво“ и што, според нив, го тера да молчи за прашањата поврзани со албанскиот јазик, знамето и застапеноста на Албанците.

— реклама —

Од ДУИ оценуваат дека Меџити ги предал своите поранешни соработници, а сега, како што наведуваат, го предава и националниот интерес на Албанците.

„Што го тера Изет Меџити да каже: доста веќе со знамето, доста со јазикот, доста со застапеноста? Што толку силно го држи Изет Меџити?“, прашуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека Албанците имаат право да прашаат дали, како што тврдат од ДУИ, „бројните досиеја за кои со години се зборува дека стојат во фиоките на обвинителството“ се причината за неговото однесување или, како што додаваат, станува збор за нешто друго.

— реклама —

„Што е тоа што го тера молчешкум да го прифаќа секој удар врз албанскиот јазик, знамето, застапеноста и положбата на Албанците, а потоа да им порачува и на Албанците дека треба да молчат?“, се наведува во реакцијата.

ДУИ оценува дека евентуалната „заробеност“ на еден политичар е негов личен проблем, но дека, според нив, ситуацијата станува многу посериозна кога поради тоа, како што тврдат, „во заложништво се држат политичкото претставување и судбината на цел еден народ“.

— реклама —

„Судбината на Албанците не може да биде заложник на стравот, досиејата или личните интереси на Изет Меџити“, порачуваат од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 6 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања