Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ со предлог мерки – зголемување на плати, замрзнување на цени и ваучери за превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
dui-

Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ.

— реклама —

„Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите.

Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните.

— реклама —

Демократската унија за интеграција смета дека постојат итни чекори што можат веднаш да се преземат:

— реклама —

– Линеарно зголемување на платите за 3500 денари, почнувајќи од мартовските плати.
– Привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
– Активирање на државните резерви на нафта, кои се набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот удар.
– Ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз.

Ова се изводливи мерки кои можат веднаш да се спроведат доколку постои институционална волја.

— реклама —

Граѓаните имаат потреба од брза реакција и економски политики кои ќе ги заштитат во време на криза. Институционалната тишина не е одговор на растот на цените“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања